ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ Скопје е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот FINDJOB.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Политика на приватност и заштита на личните податоци
Оваа Политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница https://findjob.mk (во понатамошниот текст FINDJOB.mk или Платформа) и/или користите некоја од нашите услуги преку истата.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор/обработувач на личните податоци е ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ Скопје со седиште на Никола Русински 29/38, Скопје, (во понатамошниот текст “Друштвото”).
Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од важечкиот Закон за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
Чии податоци се собираат?
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Како ги собираме личните податоци ?
Личните податоци ги собираме преку различни начини, вклучувајќи:
Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.
Категории на податоци кои се обработуваат
Кои податоци се евидентираат при посета
За време на посета на нашите интернет страни, платформата за секој корисник врши запис/лог со следни информации:
Врски со трети веб страници и сервиси
Содржините кои Платформата FINDJOB.mk ги објавува може да содржат врски (линкови) до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на овие трети веб страни и сервиси и Ве советуваме да се запознаете со содржината на нивните Политики за приватност.
Основ за обработка на личните податоци
Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:
Согласност за обработка на лични податоци
Со користење на Платформата физичките лица и компаниите даваат изречна согласност на Друштвото за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при регистрација или најава за брза апликација и се достапни во нивните Кориснички Профили и/или преку објавување на CV, молба или било кој друг документ.
Корисниците даваат согласност за контактирање преку електронски пат како дел од функционалностите на системот (отворени работни позиции, заборавена лозинка, системски пораки, известувања од Платформата итн.) преку кои не се врши продажба и не се директен маркетинг. Корисниците овие опции може да ги исклучат самостојно или со допис до Друштвото.
Работодавачите кои се физички лица и Работобарателите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Друштвото за отповикување на согласноста и деактивирање и/или бришење на корисничката сметка.
Преку аплицирање на оглас или одбирање на опцијата “активно аплицирање“ и користење на Платформата со аплицирање на објавени огласи, Работобарателите даваат изречна согласност на сите Работодавачи на чиј оглас аплицирале, да можат да пристапат до нивните лични податоци наведени во Корисничкиот Профил, (кој покрај податоците од задолжителните полиња, по желба на Работобарателот да вклучува и други документи, како: лична биографија - CV, молбата за вработување и друго) и истите да ги обработуваат во постапката за избор на кандидат за пополнување на позицијата од огласот.
Корисникот дава изречна согласност на Работодавачот за пристап и обработка на сите негови лични податоци наведени во Најавата и приложените документи - CV-то, молбата за вработување и другите документи.
Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност од одредбите од Законот за заштита на лични податици се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за Работни места, како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со огласување и аплицирање на огласи за Работни места и не можат да се употребат за друга цел.
Употребата на податоците за било која друга цел (копирање, транскрипција, дистрибуција, итн.) без согласност на Друштвото и Работобарателите, односно Работодавачите (физичко лице) за масовна дистрибуција, промотивни пораки и слични работи е строго забрането. Друштвото ќе ги извести надлежните органи, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на Државното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на личните податоци.
Работодавачите се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработката на личните податоци и да ги преземаат сите технички и организациски мерки за заштита на тајноста и безбедноста на личните податоци на Работобарателите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и да ги користат личните податоци единствено за целите на селекција и избор на кандидати во врска со објавен оглас за работно место во согласност со применливите закони.
Друштвото не одговора за неовластено откривање или било каква незаконска обработка на личните податоци на Работобарателите од страна на Работодавачите и нема да биде одговорно за надомест на материјална и/или нематеријална штета што би можела да биде предизвикана.
Цели на обработка на личните податоци
Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на FINDJOB.mk преку објавување на огласи за Работни места од страна на Работодавачите, и складирање биографии и други кориснички податоци во базата на профилот, за нивна достапност, во согласност со избраните поставки од страна на Работобарателот за целите на аплицирање на објавен оглас на Порталот.
Пренесување на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата Платформа, на трети лица, освен во следните случаи:
Кој има пристап до Вашите податоци?
Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката – овозможување и давање на нашите услуги и извршување на склучени договори.
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони.
Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
Корисникот во секое време има пристап до својот Кориснички Профил со својата лозинка и може да ги измени и исправи неточните или да ги дополни нецелосните лични податоци, да ги смени поставките за приватност, или да го деактивира Профилот.
При регистрацијата Корисникот самостојно ја поставува својата лозинка, која не смее да ја споделува со трети лица, и сноси целосна одговорност за тајноста на лозинката и користењето на Платформатапо пат на податоците за пристап. Работобарателот може да го извести Друштвото доколку се посомнева на неовластена употреба на своите податоци за пристап.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци - Ѓоре Димов преку телефон 071 244 660
Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:
Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:
Право на поднесување на барање до АЗЛП
Ако сметате дека начинот на кој Друштвото ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Со пристапување и користењето на FINDJOB.mk изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност. Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани. Ве молиме да ја посетувате Политиката за приватност и да се запознаете со нејзините промени и дополнувања.
Безбедност на податоците
Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивно случајно или незаконско уништување, губење, неовластено откривање или пристап, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти.
Контакт податоци
Адреса: Никола Русински 29/38, Скопје
E-маил: contact@processin.mk
Телефон: 071 244 660
Офицер за заштита на лични податоци: Ѓоре Димов